Aida Cako
19 Февруари 2025•Ажурирај: 20 Февруари 2025
АНТАРКТИК – Деветтaта национална антарктичка научна експедиција на Туркије ја заврши научноистражувачката работа на островот Дисмал на Антарктикот, јавува Анадолу.
Експедицијата е организирана под покровителство на турското Претседателство и Министерството за индустрија и технологија, а ја координира Поларниот истражувачки институт при ТУБИТАК МАМ.
Експедицијата го започна своето патување од Островот на кралот Џорџ, помина низ каналот Лемер, теснината Пенола и каналот Грандиде, до оддалечениот остров Дисмал.
Овој регион, познат по екстремни климатски услови, претставува значајна локација за научни истражувања поврзани со климатските промени, морската биологија и геолошките структури на Антарктикот.