ВИ робот-милениче со над 4 милиони различни карактерни особини хит во Јапонија
„Луѓето можат да почувствуваат дека нивните Мофлини се различни од другите Мофлини, бидејќи роботите, како животните, покажуваат индивидуални карактери и емоции...“

ИСТАНБУЛ (АА) – Крзнен робот-милениче со вештачка интелигенција (ВИ) стана популарен во Јапонија, развивајќи уникатни карактери врз основа на тоа како е „одгледан“, објави денес Кјодо њуз, пренесува Анадолу.
Мофлин, создаден од Касио Компјутер, може да покаже повеќе од 4 милиони различни особини на личноста и го идентификува лицето кое најмногу комуницира со него како свој сопственик. Постепено ги учи преференциите на сопственикот преку галење и гушкање.
Проектот започна кога еден инженер донесе прототип дизајниран да ја долови симпатичноста на малите животни.
Касио го лансираше Мофлин во ноември и ја надмина својата цел за продажба, продавајќи над 7.000 роботи заклиќно со март. Роботите се особено популарни кај жените во доцните 30-ти и 40-ти години. Некои сопственици дури ги носат своите Мофлини при излегувања.
„Луѓето можат да почувствуваат дека нивните Мофлини се различни од другите Мофлини, бидејќи роботите, како животните, покажуваат индивидуални карактери и емоции, како и растење и имаат различни циклуси на спиење“, рече Ерина Ичикава (42), која го водеше тимот за развој.
Секој робот чини 59.400 јени (400 долари), а Касио нуди дополнителни услуги, вклучувајќи салон кој го чисти и негува крзното на роботите.