Övünç Kutlu
05 Ноември 2021•Ажурирај: 06 Ноември 2021
АНКАРА
„Фајзер“ соопшти дека нивните таблети против Ковид-19 го намалуваат ризикот од хоспитализации или смртност за 89 отсто, се вели во соопштението на американската фармацевтска компанија, јавува Агенција Анадолија (АА)
Во целокупното испитувањето во рок од 28 дена, не се забележани смртни случаи кај пациентите кои примиле орална антивирусна таблета паксловид против Ковид-19, во споредба со пациентите кои примиле плацебо и меѓу кои се потврдени 10 смртни случаи.
„Студијата се заснова на податоци од 1.219 возрасни лица кои биле пријавени до 29 септември и имале лабораториски потврдена дијагноза на заразување со САРС-КоВ-2 во период од пет дена, како и најмалку една медицинска состојба поврзана со зголемен ризик за развој на тешка болест од Ковид-19“, се вели во соопштението.
Компанијата соопшти дека ќе ја достави студијата до американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за овластување на лекот за итна употреба.
Со ова, „Фајзер“ стана втора компанија во светот која разви лек против коронавирус по антивирусниот лек Молнупиравир за орален третман на компанија „Мерк“ претставен на 1 октомври.