Tolga Yanık
10 Септември 2019•Ажурирај: 11 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на „Мајкрософт“ (Microsoft), Бред Смит, го критикуваше ставот на американската администрација во однос на „Хуавеи“ (Huawei), опишувајќи ги санкциите против оваа кинеска компанија како неправедни, пренесува Anadolu Agency (AA).
Смит, во изјава за американското економско списание „Блумберг бизнис“ (Bloomberg Business) нагласи дека санкциите на Владата на САД за спречување на технолошката продажба за кинеската компанија „Хуавеи“, не се во согласност со американските вредности.
Тој рече дека ваквите санкции треба да бидат во согласност со вистината, логиката и законите.
Алудирајќи на искуството на американскиот претседател Доналд Трамп, во хотелската индустрија, Смит рече: „Да ѝ кажете на една технолошка компанија ’можете да ги продавате вашите производи, но не можете да купите оперативен систем и чип‘, е исто како на еден хотел да му кажете ’можете да вршите услуги, но не можете да ставите кревети во собите, и не можете да поседувате храна во ресторанот‘. Ваквиот пристап ја става во опасност состојбата на компанијата.“
Смит истакна дека за да се стане глобален технолошки лидер, потребно е на целиот свет да ги понудите технологиите кои ги поседувате.
Според него, единствениот начин на раководење со глобалната технологија е вистинската соработка меѓу владите.