Betül Yürük,Mustafa Keleş
18 Мај 2017•Ажурирај: 19 Мај 2017
ЊУЈОРК (AA) - Градоначалникот на Њујрок Бил Де Бласио изјави дека нема индиции дека денешната сообраќајна несреќа во Њујорк е поврзана со тероризам, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нема никакви показатели дека се работи за терористички напад", рече Де Бласио на конференцијата за медиумите.
Истакна дека во несреќата на плоштадот Тајмс Сквер загина едно, додека 22 лица се повредени.
Додаде дека повредените лица се хоспитализирани, напоменувајќи дека четири лица се наоѓаат во тешка состојба.
Истакна дека приведениот 26-годишен возач е американски државјанин.
Полицијата соопшти дека се работи за Ричард Ројас кој е казнуван поради возење во алкохолизирана состојба во 2008 и 2015 година.
Од полицијата претходно наведоа дека возачот ја „загубил контролата", кога во полна брзина удрил пешаци на плоштадот Тајмс Сквер, напоменувајќи дека се работи за несреќа, како и дека не станува збор за тероризам.