Bedrudin Brlyavac
18 Мај 2017•Ажурирај: 19 Мај 2017
ЊУЈОРК (AA) - Полицијата соопшти дека возач "загубил контрола", кога во полна брзина денеска удрил пешаци на плоштадот Тајмс Сквер во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата наведе дека се работи за несреќа и дека не станува збор за тероризам.
Возач удри во печаци кои се движеа по тротоар.
Американските медиуми наведуваат дека едно лице загина, додека 19 се повредени.
Полицијата соопшти дека возачот се наоѓа во притвор и дека улиците на ова подрачје се блокирани.