Yusuf Hatip
05 Јуни 2018•Ажурирај: 06 Јуни 2018
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека како Европејци треба да престанат со учење на секого, јавува Anadolu Agency (AA).
Јункер во своето обраќање на форумот на Европски денови на развојот 2018, рече дека е потребно да ѝ се стави крај на идејата дека ако работите во Европа одат добро, тогаш и во светот сè оди како што треба, додавајќи дека патот по кој се движи светот, во моментов не е добар.
Иако Европа нема решение за секој проблем, според Јункер, во рамките на глобалната арена, потребно е да го стори тоа што е во нејзина надлежност. „Како Европејци, треба да престанеме да учиме секого. Потребно е со останатите земји да формираме партнерство на рамноправна основа“, рече Јункер.
Јункер и претходно имаше изјавено дека Европа на глобалната сцена ја губи моќта. „Мислиме дека сме газди на светот, но забораваме дека всушност сме само едно мало и слабо парче од универзумот“, рече Јункер.