Halil İbrahim Sincar
14 Октомври 2016•Ажурирај: 15 Октомври 2016
МАРДИН (АА) - Терористите на ПКК активираа бомба на патниот правец Мардин – Дијарбакир, од која според првичните информации загинаа тројца војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносни извори, на патот Мардин – Дијарбакир, на 25 километри од турбето на Султан Шехмус, терористите на ПКК активирале бомба што претходно била поставена на патот, во момент кога по патот минувало воено возило.
Според првичните информации, од експлозијата загинаа тројца војници. Ранетите војници со амбулантни возила се префрлени во болниците во Мардин. Во моментов се води операција за пронаоѓање на извршителите на овој терористички напад.