Sinan Uslu
10 Февруари 2017•Ажурирај: 10 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим на директорот на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА), Мајк Помпео му го презентираше пристапот на Турција во борбата против терористичката организација ФЕТО и во тие рамки, очекувањата на Турција од САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Јилдирим во премиерката палата во Чанкаја го пречека директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Помпео.
Од владини извори се дознава дека на средбата била истакната важноста што Турција ѝ ја придава на соработката со новото раководство на САД, и двете страни се согласиле дека е потребен заеднички пристап и соработка во билатерални или во регионални рамки на полето на разузнавањето.
Премиерот Јилдирим го претстави пристапот на Турција во борбата против терористичката организација ФЕТО и во тие рамки, очекувањата на Турција од САД.
Покрај процесот за испорака на лидерот на организација, Фетулах Ѓулен, тој го повтори и барањето за соработка со сите релевантни органи во САД, во борбата против структурата на ФЕТО во САД.
Помпео изјави дека по преземањето на функцијата директорот на ЦИА, посетата на Турција е една од првите посети што ги остварил. Тој ја истакна важноста на соработката меѓу двете земји и го изрази своето сочувство за тројцата загинати турски војници во Ал Баб.