Sinan Uslu
09 Февруари 2017•Ажурирај: 10 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство за загинатите турски војници кои учествуваат во операцијата „Штитот на Еуфрат“, кога руски авион по грешка бомбардираше зграда во којашто се наоѓаа војниците, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб: Руски авион по грешка бомбардирал турски сили
Според информациите од Кабинетот на турскиот претседател, двајцата лидери зборувале и за последните случувања во Сирија, во рамките на глобалната борба против тероризмот.
За време на разговорот станало збор и за мировните преговори во Астана, кои беа организирани под покровителство на Турција, Русија и Иран.
Ердоган и Путин, исто така, разговарале и за подготовките во пресрет на состанокот на Турско-рускиот совет за соработка на високо ниво, што ќе се одржи во март во Русија.