Selma Kasap
09 Февруари 2017•Ажурирај: 10 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турската фондација „Маариф“, која беше формирана пред пет месеци, постигна договор за преземање на контролата на училишта поврзани со терористичката организација ФЕТО во 11 од 113 земји, каде што делуваат вкупно 688 училишта блиски со оваа терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дел од активностите на „Маариф“ веќе е започнат нов воспитно-образовен процес во училиштата во Сомалија, Гвинеја, Нигер и во уште во три други турски училишта основани во сирискиот град Џарабулус. Договор за преземање на училиштата на ФЕТО е направен и со Сенегал, Мавританија, Чад, Габон, Сао Томе и Принсипе, Буркина Фасо, Пакистан и со Авганистан.
Инаку, турската фондација „Maариф“ е основана со закон изгласан од Народното собрание на Република Турција во текот на летото во 2016 година, а една од нејзините главни цели е основање на образовни институции и промоција на цивилизациските вредности во светот.

Фондацијата е особено активна во преземањето контрола над образовните институции поврзани со ФЕТО, по обидот за пуч во Турција од 15 јули 2016 година. Оваа фондација работи во рамките на поставената цел од страна на претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган, а таа е Турција на 100-годишнината од основањето да делува низ своите угледни, квалитетни и престижни институции и организации на сите континенти.
Според податоците на Министерството за образование на Република Турција до кои дојде АА, во тие рамки постои план годишно да се основаат образовни институции во 20 земји, и фондацијата „Маариф“ активно да работи на преземањето контрола над училиштата поврзани со ФЕТО.
Според последните податоци, во Австралија работат 15 училишта на ФЕТО, во девет земји од американскиот континент 150 училишта, 106 училишта во 36 африкански земји, 175 училишта во 35 земји од Европа, 242 училишта во 32 земји во Азија, односно 688 училишта во 113 земји во светот.
Фондацијата „Maaриф“ води преговори за преземање на училишта во Босна и Херцеговина, Индија, Албанија, Тајланд, Камбоџа, Турската Република Северен Кипар, Австралија, Данска, Ирак, Молдавија, Саудиска Арабија, Сингапур, Малезија, Франција, Германија, Романија и во Судан.
Покрај тоа, планирано е делегација на фондацијата во наредниот период да посети уште 20 земји, вклучувајќи ги и Ангола, Азербејџан, Бенин, Џибути, Екваторијална Гвинеја, Мароко, Гамбија, Грузија, Јапонија, Камерун, Црна Гора, Либан, Мали, Монголија, Руанда, Судан, Танзанија, Tунис, Уганда и Јордан.
Министерот за образование на Република Турција, Исмет Јилмаз, за АА рече дека претседателот на Етиопија, Мулату Тешоме Вирту, за време на посетата на Турција на 7 февруари јасно ставил до знаење дека фондацијата „Maaриф“ ја презема контролата над образовните институции поврзани со ФЕТО во неговата земја.