Gamze Türkoğlu Oğuz
09 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Интензивните врнежи од дожд во западните и централните делови на Јапонија предизвикаа поплави и свлечишта во кои животот го загубија 120 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави јапонската информативна агенција Кјодо, поплавите и свлечиштата во земјата одзеле 120 животи, а 80 лица се водат за исчезнати.
Канцеларијата за пожари и природни катастрофи информираше дека е издадена наредба за евакуација на 5,9 милиони луѓе во 19 подрачја во Јапонија.
Премиерот Шинзо Абе на состанокот на комитетот за вонредни состојби издал наредба бројот на членови на цивилната заштита, крајбрежната стража, полицијата и противпожарниот екипаж да се зголеми на 73.000.
Одговорните соопштија дека во 11 подрачја од земјата е прекината испораката на вода до 267.000 домови, патиштата се прекриени со вода, а во прекин е железничкиот сообраќај.
Поплавите и свлечиштата се причина за човечки жртви во подрачјата на Хирошима, Окајама, Кјото, Гифу, Шига, Хјого, Кочи и Фукуока.
Портпаролот на јапонската влада, Јошихиде Суга соопшти дека премиерот Шинзо Абе ги откажал своите посети на Европа и Средниот Исток.
Во соопштението се вели дека јапонскиот премиер ќе замина на пат по приемот на извештајот за поплавите од одговорниот државен министер Хичиро Оконоги.