Ekipa
22 Јануари 2017•Ажурирај: 23 Јануари 2017
БЕРЛИН (AA) - Германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер, оцени дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД означува крај на една ера и предвидува неизвесни времиња за целиот свет, пренесува Anadolu Agency (AA).
‚‚Со изборот на Доналд Трамп, завршено е со светот од 20. век“, напиша Штајнмаер за весникот „Билд“ два дена по инаугурацијата на 45. претседател на САД.
Шефот на германската дипломатија напиша дека е неизвесно како ќе изгледа утрешниот свет и каков концепт на светскиот поредок ќе се наметне во 21. век.
Тој оценува дека во услови на секоја политичка транзиција доаѓа до неизвесност и сомнеж, но дека во овие времиња на ‚‚новиот глобален неред“ тоа оди понатаму и ‚‚многу работи се во игра“.
Штајнмајер, за кого се очекува наредниот месец се очекува да биде избран за нов претседател на Германија, истакна дека Берлин ќе ја промовира слободната трговија и оти ќе ги здружи напорите со Вашингтон во борбата против екстремизмот.
Изрази сигурност дека Германија ‚во Вашингтон ќе пронајде соговорници свесни дека и на големите земји им се потребни партнери.