Cüneyt Karadağ
22 Јануари 2017•Ажурирај: 23 Јануари 2017
БЕРЛИН (АА) - Лидерката на францускиот ултрадесничарски Национален фронт (FN), Марин Ле Пен, смета дека Европската Унија (ЕУ) е мртва, но за тоа сè уште не е свесна, јавува Anadolu Agency (AA).
„ЕУ е мртва, но сè уште не го знае тоа. Забележа неуспех во секој поглед. Од економски аспект, растот е изразително бавно. Од општествен аспект, невработеноста и сиромаштијата се многу високи. Од аспект на безбедноста, ЕУ не може да ги заштити своите граници ниту нас самите од тероризмот”, изјави Ле Пен за весникот „Билд ам Сонтаг”.
Ле Пен зборуваше и за иднината на Франција во ЕУ.
„Ќе го бараме од ЕУ нашиот суверенитет за прашањата во врска со границите, парите, економијата и правото. Доколку ЕУ тоа го прифати, тогаш ќе биде формирана Европа која ја сочинува народот, а доколку одбие, тогаш ќе им појасни на Французите дека мораме да ја напуштиме ЕУ и да бараме гласање”, истакна Ле Пен.