Mustafa Keleş
27 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
ЧИКАГО (АА) - Во Чикаго, САД, отворена е изложба на фотографии на Anadolu Agency (AA) направени за време и по обидот за државен удар во Турција на 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата е отворена во рамките на конгресот на Исламскиот круг на Северна Америка –Муслиманска заедница во Америка (ICNA-MAS). На свеченоста на отворањето присуствуваа амбасадорот на Турција во САД, Сердар Килич, заменик претседателката на Асоцијацијата на жени и демократија (KADEM), Сумеје Ердоган Бајрактар и претставничката во турскиот Парламент од Партијата за правда и развој (AK Партија), Емине Нур Ѓунај.
По отворањето на изложбата, Бајрактар пред медиумите истакна дека на 15 јули е извршен еден предавнички обид за државен удар, и нагласи дека е многу важно АА на овој начин, преку фотографии, да го прикаже сето она што се случило таа ноќ.
Особено ја нагласи важноста на изложувањето на фотографиите на АА за обидот за државен удар кога се во прашање муслиманите во САД и додаде дека начинот на кој турскиот народ ја заштитил демократијата може да биде пример и за другите муслимански општества.
Изложбата во Конгресниот центар Меккормик во Чикаго ќе биде отворена и утре, а посетителите ќе имаат можност да видат 30 фотографии на фоторепортери на АА.
Војниците-пучисти лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ на 15 јули се обидоа да извршат државен удар во Турција, при што загинаа 246 лица, а беа ранети над 1.500.
Обидот за државен удар беше спречен откако стотици илјади граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и во другите делови на земјата и храбро, со голи раце застанаа пред тенковите и оклопните возила со кои пучистите се обидоа да ја соборат демократски избраната власт во таа земја.