Levent Tok,Adham Kako
20 Мај 2018•Ажурирај: 21 Мај 2018
ДИЕР ЕЗ-ЗОР (AA) - Француската војска продолжува да пружа поддршка на терористичката организација ЈПГ/ПКК, а во сирискиот регион на границата со Ирак, формираше шест топовски батерии, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на локалните извори, Француската војска формираше шест топовски батерии во селото Багуз, на подрачјето на сирискиот град Диер ез-Зор, на самата граница со Ирак.
На северот на Сирија, поточно во регионите под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК, се наоѓаат воени бази во кои дејствува Француската војска. Во последно време таа е сè поприсутна во регионите Мунбич, Хасене Ајн Иса и Ракка.
Француската Новинска агенција АФП, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Франција, на 9 јуни 2016 година, објави дека Специјалните сили на Франција (COS) дејствуваат во северните сириски региони кои се под контрола на ЈПГ/ПКК.
Освен на припадниците на Специјалните сили, кои веќе две години на терен дејствуваат заедно со терористичките организации, на подрачјето на Сирија се наоѓаат и единиците на 1. Марински пешадиски падобрански полк (1erRPIMA) при Копнените сили, и 10. Падобранска единица (CPA 10) при Воздушните сили.
Иако овие сили се прикажани како да се наоѓаат во Ирак, тие многу често преку граничниот премин Симелка, од Северен Ирак преминуваат на територијата на Сирија.