Bayram Altuğ
20 Мај 2018•Ажурирај: 21 Мај 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Повеќе стотици граѓани се собраа денес во Женева во знак на протести поради масакрот сторен врз Палестинците за време на протестите на границата на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 500 граѓани се собраа пред Кабинетот на ОН во Женева. Поддршка пружија и претставниците на неколку организации за човекови права.
Претседателот на еден од нив, Ender Demirtas, остро го осуди масакрот на границата на Газа. Повика итно да се запре окупацијата на Палестина.
Насобраните носеа транспаренти и извикуваа слогани: „Ерусалим е главен град на Палестина“, „Слободна Палестина“, „Да живее Палестина“.
Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот по должината на границата на Газа со Израел во знак на протест поради израелската окупација и преместувањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).
Израелските безбедносни сили со употреба на сила и огнено оружје се обидоа да ги спречат протестите кои се најавени и за вторник. Загинаа 64 Палестинци, а ранети се најмалку 3.000.
Во осудите кои стигнуваат од светот, меѓу останатото, наведено е дека прекумерната сила е недозволива во случај на мирни протести какви што организираа Палестинците на 70-годишнината од Накба (Голема катастрофа), по повод масовниот прогон на овој народ од страна на Израел.