Sayed Khodaberdi Sadat
26 Февруари 2018•Ажурирај: 27 Февруари 2018
КАБУЛ (АА) - Турската фондација Маариф ја презеде контролата врз 12 средни училишта и три подготвителни курсеви во Авганистан, поврзани со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Центарот за медиуми и информации кој се наоѓа во главниот град на Авганистан, Кабул, се одржа церемонија на примопредавање, на која учествуваа турскиот министер за образование, Исмет Јилмаз, и неговиот авганистански колега, Мухамед Ибрахим Шинвари.
На церемонијата беше потпишан договор со кој турската Фондација Маариф го презема раководењето со 12-те средни училишта и 3 подготвителни курсеви на ФЕТО во Авганистан.
Терористичката организација ФЕТО во 1970-тите години почна да ги инфилтрира своите поданици во турските безбедносни институции, за во 1980-тите години да ги зајакне своите паралелни пирамиди во овие институции, и на крајот, на 15 јули 2016 година, изврши неуспешен обид за воен удар со цел уништување на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.
Турските власти спроведуваат обемни истраги во судските постапки против оваа терористичка организација, а Фондацијата Маариф е задолжена за преземање контрола над институциите што ширум светот работат под покровителство на ФЕТО.