свет

Украина воведе воена состојба во траење од 30 дена

Според претседателскиот декрет, се воведува воена состојба во области во земјата кои се најподложни на напад од соседна Русија, меѓу кои се крајбрежните и пограничните подрачја.

Seyit Ahmet Aytaç  | 27.11.2018 - Обновена : 27.11.2018
Украина воведе воена состојба во траење од 30 дена

Kiev

КИЕВ (АА) - Украинскиот Парламент го одобри претседателскиот декрет за 30-дневна воена состојба, поради сериозните тензии со Русија, изјавија денес дипломатски извори, јавува Anadolu Agency (AA).

Според декретот, се воведува воена состојба во области во земјата кои се најподложни на напад од соседна Русија, меѓу кои се крајбрежните и пограничните подрачја.

За одобрување на декретот гласаа вкупно 276 пратеници, а ќе стапи во сила на 28 ноември и ќе трае 30 дена.

Русија вчера заплени три брода на Украинската морнарица недалеку од брегот на полуостровот Крим во Азовското Море.

Од руска страна истакнаа дека бродовите ги игнорирале повиците да застанат на граничната линија.

Русија интервенираше додека украинските воени бродови се преместувале од Одеса во пристаништето Мариупол во Азовското Море.

Украинската морнарица ја обвини Русија за отворање оган врз нејзините воени бродови, додавајќи дека поврдедени се неколку членови на екипажот, и дека бродовите се запленети од страна на Русија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.