Ali Cura
16 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
КИЕВ (АА) - Потпретседателот на САД, Џо Бајден смета дека санкциите кон Русија треба да бидат продолжени сѐ додека Крим не ѝ биде вратен на Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на официјалната посета на Украина, Бајден стигна во Киев, каде што се состана со претседателот на таа земја, Петро Порошенко. За време на обраќањето по состанокот, Бајден зборуваше и за санкциите кон Русија.
„Со партнерите од ЕУ и Г-7 изразивме став кога станува збор за продолжување на санкциите кон Русија. Сѐ додека Русија не ѝ го врати Крим на Украина, треба да бидат продолжени санкциите за Русија кои се однесуваат на Крим. Сѐ додека во потполност не се исполнат обврските на Договорот од Минск, санкциите треба да бидат продолжени“,смета Бајден.
Порошенко изрази задоволство за проширените санкции кон Русија и додаде дека санкциите не се посебна цел, но дека се најважно средство за спречување на кршењето на целовитоста и за анекцијата на украинската територија, како и напаѓачкиот став на Русија и непридржувањето до Договорот од Минск.
Бајден се состана и со украинскиот премиер Владимир Гројсман, со кој разговараше за помошта на САД кон Украина, но и за други актуелни прашања во земјата и во регионот.