Emel Öz Gözellik
26 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Двајца војници и 9 бунтовници го загубија животот во судирот помеѓу безбедносните сили и маоистички бунтовници во провинцијата Чатишгар, Индија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите објавени во индиските медиуми, настанал судир помеѓу војниците и маоистичките бунтовници во селото Саклар, во областа Сукма во провинцијата Чатишгар.
Одговорните лица од полицијата истакнаа дека во судирите двајца војници и 9 бунтовници го загубиле животот.
Маоистичките бунтовници инспирацијата ја добиваат од кинескиот револуционерен лидер Мао Це Тунг. Тие од 1967 година наваму организираат вооружени напади во неколку провинции од северниот, источниот и централниот дел на Индија. Маоистичките бунтовници тврдат дека се борат за повеќе права за племенските народи и сиромашните лица.