Ayşe Hümeyra Atılgan
26 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот вицепремиер, Реџеп Акдаг, денес изјави дека Турција ќе формира комисија во броба против зависности, јавува Anadolu Agency (AA).
Високата комисија во борбата против зависностите ќе има четири подгрупи кои ќе се борат против зависноста од дрога, консумирање на цигари, алкохол и против зависноста од технологија, истакна Акдаг.
Говорејќи во живо на телевизискиот канал „CNNTurk“ (Ци-ен-ен Турк), Акдаг изјави дека иницијативата за таквата комисија била започната по насоки на турскиот премиер, Бинали Јилдирим.
Тој нагласи дека пушењето цигари е најраспотранетиот здравствен проблем во Турција по дебелината и неактивноста.
Акдаг изјави дека моменталната стапка на пушење цигари во Турција (на возраст од 15 години и нагоре) изнесува 31 отсто, пораст од 27 отсто во изминатите години. „Мора да го контролираме тоа“, вели тој.
Нагласувајќи ја поврзаноста меѓу пушењето цигари и користењето дрога, тој изјави дека речиси секоја зависност од дрога започнува со пушењето цигари.
Предупреди дека пушењето може да биде чекор кон други штетни супстанции како марихуаната и хероинот.
„Заедничка борба против таквите зависности ќе биде спроведена со Турското здружение на зелената полумесечина и Министерството за семејство и социјални политики“, вели тој.
Граѓаните 24/7 може да се јавуваат на телефонската линија за помош, 191, за да добијат информации и поддршка во борбата против зависностите.
Во врска со зависноста од технологијата, вицепремиерот нагласи дека е широко распостранета во Турција, но сепак не толку колку што е во Европа и во САД.
Зависноста од интернетот им штети на социјалните вештини на човекот што резултира со различни проблеми.
Тој истакна дека ова прашање се наоѓа и на агендата на Светската здравствена организација (СЗО).