Sena Güler
16 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, го одобри продолжувањето на процесот против четворица осомничени лица за пукањето врз американската Амбасада во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
АА дознава дека Канцеларијата на главниот обвинител во Анкара упатила и официјално барање за започнување правна постапка. Правната постапка е во согласност со членот 306 од Кривичниот закон на Турција, кој наложува одобрување од ресорниот министер.
Осомничените се товарат за непријателско дејствување против странска држава за нападот врз американската Амбасада.
Осомничените Ахмет Челиктен, Осман Гундаш, Ерсин Бајрам и Т.Б.К. беа вмешани во инцидентот кој се случи во Анкара на 20 август оваа година, кога од возило во движење беше отворен оган врз американската Амбасада во главниот град на Турција.
Во истрагата е утврдено дека осомничените Гундаш и Бајрам телефонски комуницирале со терористичката организација ФЕТО. Гундаш на социјалните мрежи споделувал и видеоснимки од Фетула Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО, која на 15 јули 2016 година изведе обид за воен удар во Турција.
Осомничениот Бајрам, пак, ја користел мобилната апликација на оваа терористичка организација. Канцеларијата на гувернерот на Анкара соопшти дека осомничените Челиктен и Гундаш признале дека учествувале во нападот врз американската Амбасада.