Meryem Göktaş
15 Јануари 2019•Ажурирај: 15 Јануари 2019
АНКАРА/КОЊА/МУГЛА/КОЏАЕЛИ (АА) - Турските обвинители денес издадоа налози за апсење за 137 осомничени припадници на ФЕТО низ Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од канцеларијата на јавниот обвинител на Анкара издадени се налози за апсење на 50 припадници на ФЕТО како дел од тековната истрага за инфилтрација на групата во турската армија“, изјави полициски извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
„Налозите за апсење на припадници на Жандармериската генерална команда (активни војници), беа издадени поради наводи дека имале контакт со прикриените имами на ФЕТО преку телефонски говорници“, додава изворот.
Во меѓувреме, од канцеларијата на јавниот обвинител во Коња, исто така издадени се 50 налози за апсење на осомничени припадници на ФЕТО, вклучувајќи 32 војници на должност.
Безбедносните сили лансираа истовремени операции во 31 област за апсење на осомничените.
Од канцеларијата на јавниот обвинител на Коџаели издадени се налози за апсење на 22 лица од воениот персонал, вклучувајќи 17 војници на должност осомничени за поврзаност со ФЕТО.
Полицијата спроведе истовремени рации во 13 области.
Од канцеларијата на јавниот обвинител во Мугла, исто така издадени се налози за апсење на 15 припадници на ФЕТО, вклучувајќи 14 војници во активна служба.
Истовремените операции за апсење на осомничените се започнати во седум области.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, одговорни се за неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку нејзино инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.