Ekipa
15 Јануари 2019•Ажурирај: 15 Јануари 2019
АЈДИН (АА) - Во подрачјето на Кушадаси, во областа Ајдин, Турција, од чамец во кој почнало да навлегува вода, спасени се 46 нерегуларни мигранти. Од морските води е извлечено безживотното тело на едно дете, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, екипите на командата на крајбрежната стража, на отворено море, на оддалеченост од 5 милји од градот Кушадаси, од чамец во кој почнало да навлегува вода, упатен е повик за помош. Кон бродот се упатиле 3 брода на крајбрежната стража и еден хеликоптер.
Спасувачките екипи од чамецот во кој почнало да навлегува вода и кој бил половина потопен извлекле 46 нерегуларни мигранти. Од морските води е извлечено и безживотното тело на едно 4-годишно девојче.
Нерегуларните мигранти извлечени од морето, меѓу кои има и деца, префрлени се во државната болница во Кушадаси.
Командата на крајбрежната стража соопшти дека од чамец во кој почнало да навлегува вода спасени се нерегуларни мигранти.
Во соопштението се наведува „Хеликоптер на крајбрежната стража во 5:30 часот по локално време (3:30 по средноевропско време) откри полупотонат чамец од кој живи се спасени 46 нерегуларни мигранти и едно безживотно тело. По земените изјави од спасените миранти се дознава дека нема исчезнати. Во тек се спасувачки операции во подрачјето.“