Murat Paksoy,Gülsüm İncekaya
15 Јануари 2019•Ажурирај: 15 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (AA) - Anadolu Agency и група земји во развој Д-8 потпишаа протокол за соработка, јавува Anadolu Agency (AA).
Д-8 е група од осум земји во развој - Турција, Иран, Пакистан, Бангладеш, Малезија, Индонезија, Египет и Нигерија.
Протоколот за соработка помеѓу двете страни е потпишан денес во седиштето на АА во Истанбул.
Дато Ку Џафар Шари, генералниот секретар на групата Д-8, изрази задоволство со постигнување на протокол за соработка, напоменувајќи дека АА е позната и голема новинска агенција која има претставништва во многу земји од светот.
Додаде дека одлучиле да соработуваат со АА бидејќи, како што рече, не претставува само глас на Турција туку и глас на целиот муслимански свет.
„Верувам дека треба да имаме многу блиска соработка со АА", рече Шари.
Потсети дека групата Д-8 постои околу 20 години и дека сега е вистинско време за реализација на одредени проекти, посебно во областа на трговијата, индустријата, земјоделството, сообраќајот, енергетиката и туризмот.
Нагласи и дека се решителни да ја продолжат соработката во бројни области и додаде дека во тој поглед е многу важна соработката и со АА.
Ги повика земјите членки на Д-8 и понатаму да бидат сложни и единствени.
„Ако ги обединиме нашите ресурси, верувам дека ќе бидеме трет најголем економски блок по Кина и Индија", рече Шари.
Заменик генералниот директор на АА Мустафа Озкаја истакна дека за оваа новинска агенција е привилегија и чест да придонесат кон работата на групата на земјите Д-8.
Додаде дека АА редовно ќе известува за целокупната работа и за активностите на Д-8, напоменувајќи дека е убеден дека соработката нема да остане само на хартија.
Потсети дека станува збор за многу значајна група земји, потсетувајќи дека две земји членки на Д-8, Турција и Индонезија, се наоѓаат меѓу 20 најголеми економии на светот.
Група земји во развој Д-8, на предлогот на поранешниот премиер на Турција Неџметин Ербакан, основана na 15 juni vo 1997godina. Во групата Д-8 се наоѓаат осум земји во развој: Турција, Иран, Пакистан, Бангладеш, Малезија, Индонезија, Египет и Нигерија.