Handan Kazancı
08 Септември 2016•Ажурирај: 09 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Обвинителот на Истанбул денес издаде налози за апсење на 85 лица, вклучувајќи шест генерали и 43 подофицери за кои постои сомневање дека се поврзани со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Четири осомничени лица се исто така притворени, рече судски извор под услов на анонимност.
Турската Влада вели дека обидот за државен удар на 15 јули беше спроведен од страна на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, предводена од Фетула Ѓулен. Во неуспешниот обид за државен удар загинаа 240 луѓе, а беа повредени повеќе од 2.200 лица.