Fatih Hafız Mehmet
19 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за Балканот не е конструктивна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во пишано соопштение, портпаролот на Министерството, Хами Аксој, одговори на изјавите на францускиот претседател Макрон за Турција и Балканот, за време на вчерашниот говор во Европскиот парламент.
Аксој рече дека Макрон, слично како и во говорот од минатата година, во Европскиот парламент кажал формулација дека Балканот е подрачје на ривалство за ЕУ, Турција и Руската Федерација.
„Ваквиот начин на поимање на Балканот како сфера на влијание не е конструктивно“, истакна Аксој.
„Турција, како земја која исто така е дел од Балканот, како денес така и во минатото, има цел и приоритет за одржување и зајакнување на мирот, стабилноста и оддржливиот развој во тој регион“, рече Аксој.
„Со оваа цел, ние продолжуваме да го поддржуваме членството на сите земји од регионот во европските и евроатлантските институции“, додаде тој.
Аксој изјави дека Турција се надева оти Франција ќе придонесе, барем колку и Турција, за интегративните напори на турските пријатели на Балканот кон ЕУ и НАТО.
„Во рамките на ова, ја советуваме Франција да се обиде подобро да ги сфати напорите на Турција во придонесот кон стабилноста на Балканот“, додаде тој.