Sertaç Bulur
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили, од 9-ти јануари со артилериски и воздушни напади зададоа големи човечки и материјални загуби на терористите на ДАЕШ кои го контролираат подрачјето на северниот дел на Сирија покрај турската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван воен извор за АА изјави дека турските безбедносни сили во склад со меѓународните правила на ангажманот на пограничните сили, со артилериски и воздушни напади на прекуграничните позиции на ДАЕШ жестоко одговориле на провокациите и проектилите кои од Сирија паднаа на турска територија, најчесто во градот Килис.
Турската артирелија од 9-ти јануари со вкупно 5.330 истрели од различно артирелиски оружје неутрализира најмалку 370 терористи на ДАЕШ во Сирија. По тој повод уништени се поголем број терористички бази, магацини со оружја и муниција како и терористички засолништа.
Во истиот период турските воздухопловни сили извршија 167 напади на позициите на ДАЕШ и сирискиот пограничен појас, а притоа убиени се најмалку 492 припадници на таа организација.
Истиот извор јавува дека последниот тежок удар на силите на ДАЕШ во Сирија е нанесен со нападот на коалициските безбедносни сили кои синоќа по полноќ ги гаѓаа терористичките позиции и им нанесоа големи загуби.