Aykut Karadağ
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
АНКАРА (АА) – АЈКУТ КАРАДАГ – Во операциите оваа пролет и лето спроведени од Турските безбедносните сили неутрализирани се вкупно 115 терористи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Безбедносните сили, и покрај лошите услови на теренот во пролетниот и летниот период, спроведоа интензивни операции за пронаоѓање и неутрализирање на терористите кои сакаат да го нарушат мирот и безбедноста на населението.
Операциите имаа за цел да се обезбеди доминација на подрачјето кое во минатото се користело од страна на терористичката организација, отворање на постојани и привремени бази, да се ограничи мобилноста на терористичките организации и да се обезбеди локалното население да може да ги продолжи своите сточарски активности.
Според информациите што АА ги доби од безбедносни извори, за пролетниот и летниот период планирано било спроведување на 5.981 операции во 264 региони.
Од планираните операции завршени се 5.943, а неутрализирани се вкупно 115 терористи, од кои 109 мртви и шест фатени терористи.
Во опсежните операции уништени се 139 засолништа и магацини, 526 парчиња оружје, а запленети се 149 мини и рачно изработени експлозивни направи и голема количина муниција.