Şerife Çetin
11 Јули 2018•Ажурирај: 12 Јули 2018
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека Германија ѝ плаќа високи износи на Русија за енергија, и затоа Германија е заробеник на Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп во рамките на Самитот на НАТО имаше работен појадок со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, каде што го критикуваше зголемувањето на одбранбените трошоци на Германија, и нејзината соработка со Русија во енергетиката.
„Се вели дека Европа треба да ја заштитиме од Русија. Ако е така, зошто земјите членки на НАТО ѝ плаќаат милијарди долари на Русија за енергетика?“, рече Трамп.
Трамп рече дека е многу несоодветно Германија да направи договори за нафта и гас со Русија. „Германија ѝ плаќа високи износи на Русија во енергетиката, затоа Германија е заробеник на Русија“, додаде тој.
Потсетувајќи дека Германија постигна договор со Русија за цевковод, Трамп нагласи дека благодарение на природниот гас, Русија ќе контролира 70 отсто од Германија.
Според Трамп, сојузниците на НАТО треба веднаш да ги зголемат одбранбените трошоци, а не во рок од 10 години.
„Ова не е прифатливо. Ние заштитуваме секого, Германија, Франција. Плаќаме многу пари. Тоа продолжува веќе со години. И другите американски претседатели ја актуализираа оваа тема, но ништо не направија околу тоа. Или не разбираа, или не сакаа да интервенираат. Но, ова е голема неправда за нашата земја“, рече американскиот претседател.
Трамп нагласи дека одбранбените трошоци на Германија се на многу ниско ниво. „Германија е многу богата земја. Утре веднаш можат да ги зголемат одбранбените трошоци, и нема да настане никаков проблем“, додаде Трамп.