Handan Kazancı
17 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
ТУНЏЕЛИ (АА) - Високо позициониран терорист на ПКК, баран од Турција со понуда од 1 милион турски лири (258.000 американски долари), е убиен во антитерористичка операција во источна Турција, објавија денес локалните власти, пренесува Anadolu Agencty (AA).
Во соопштението, гувернерот на Тунџели изјави дека Мурат Даг, сo кодно име „Ферхат Јилмаз“, бил меѓу осуммината терористи убиени за време на операцијата спроведена од страна на турската жандармерија, а координирана од Националната разузнавачка организација (МИТ) во областа Пулумур.
Даг се наоѓал во средната (зелена) категорија на листата барани терористи на турското Министерство за внатрешни работи, се вели во соопштението.
Листата е поделена на пет бои-кодирани категории, со црвена како најбарана категорија, проследена со сина, зелена, портокалова и сива боја.
Запленето е големо количество оружје и документи од терористичката група за време на операциите.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ.