Handan Kazancı
16 Декември 2017•Ажурирај: 17 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Повеќе од 30 милиони странски државјани влегоа во Турција за единаесет месеци во 2017 година, се наведува од Генералната дирекција за управување со миграции на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во Турција од 1 јануари до 30 ноември оваа година влегле 30,7 милиони странски туристи, додека истовремено земјата ја напуштиле 30,4 милиони лица, покажуваат податоците на дирекцијата.
Во текот на цела 2016 година Турција ја посетија 24,7 милиони странски државјани, а во 11 месеци оваа година таа бројка е поголема за речиси шест милиони.
Според бројот на посетите на Турција, Русите се први, потоа следуваат Германците и Ирците. Во октомври гувернерот на медитеранската област Анталија изјави дека руските туристи кои го посетиле градот до септември достигнале рекорден број од 3,4 милиони лица.