Ata Ufuk Şeker
13 Јуни 2018•Ажурирај: 14 Јуни 2018
БРИСЕЛ (АА) - Терористичките напади со кои беше погодена Европската Унија (ЕУ) во периодот од 2004 до 2016 година, ја чинеа185 милијарди евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Сервисот за истражување при Европскиот парламент (ЕП) објави извештај под назив „Борба против тероризмот“.
Според извештајот, терористичките напади во периодот од 12 години ја чинеа економијата на ЕУ вкупно 185,4 милијарди евра. Човечките губитоци, повреди и штети нанесени на инфраструктурата чинеа вкупно 5 милиони и 619,3 милиони евра.
Тероризмот негативно влијание имаше најмногу врз трговијата, директните инвестиции, транспортот и туризмот.
Мерките кои се преземени во рамките на борбата против тероризмот доведоа до кршење на одредени општествени групи.
Најголема материјална штета тероризмот ѝ нанесе на Франција, а оваа земја тоа ја чинеше 44 милијарди и 943,5 милиони евра.
По Франција следува Велика Британија со штета од 44 милијарди и 384,7 милиони евра, потоа Шпанија со 42 милијарди и 721,7 милиони, Германија со 19 милијарди и 457,8 милиони, Грција со 10 милијарди и 522,3 милиони и Белгија со 8 милијарди и 161,6 милиони евра штета.
Словенија, Луксембург, Литванија и Латвија се европски земји кои не претрпеле штета од тероризмот.