Zehra Ulucak
13 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
ДЕНВЕР (АА) - Поради пожар кој изби на подрачјето на познатиот центар за скијање во американската сојузна држава Колорадо, евакуирани се повеќе од 1.300 куќи, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на американскиот Кабинет за шуми, Адам Бианши, изјави дека пожарот избил во близина на местото Силверторн во кое живеат околу 4.700 лица. Местото е оддалечено од Денвер околу 100 километри.
Според неговите зборови, и покрај тоа што пожарот е ставен под контрола, локалните официјални претставници барале евакуација на илјада лица.
Бианши изјави дека најблискиот центар за скијање е оддалечен цели 13 километри од местото зафатено со пожарот. Тој потврди и дека од вторник, кога избил пожарот, немало човечки жртви.
Овој пожар е еден од шесте колку што избија на подрачајето на планината Бафало.
Меган Грахам, портпаролката на Кабинетот во местото Ла Плата, изјави дека пожарот, кој на 1 јуни изби во близина на градот Дуранго, уништил 95 километри квадратни.
Таа потврди дека се евакуирани околи 2.200 куќи и станбени објекти.