İlkay Güder
24 Октомври 2018•Ажурирај: 25 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердаган оствари телефонски разговор со саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Селман, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателски извори, телефонскиот разговор е реализиран по барање на принцот Мухамед бин Селман.
Во разговорот, Ердоган и принцот дискутирале за вложувањето заеднички напор за разјаснување на убиството на Кашоги од сите аспекти, како и за чекорите кои треба да се направат во овие рамки.
Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Џамал Кашоги, исчезна на 2 октомври по влегувањето во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Турските безбедносни извори претходно потврдија дека Кашоги не ја напуштил зградата на Конзулатот, и дека во тој период во Конзулатот престојувале 15 саудиски државјани и службеници, кои со посебни летови дошле, а потоа и ја напуштиле Турција.
По неколкудневните тврдења дека не знаат ништо за судбината на Кашоги, властите на Саудиска Арабија неодамна соопштија дека Кашоги е убиен за време на наводна расправија во Конзулатот.
Истрагата за убиството и понатаму е во тек, а главна задача на истражителите е пронаоѓање на посмртните останки на Кашоги и утврдување на одговорните за убиството.