Can Erözden
25 Октомври 2018•Ажурирај: 25 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Голем пожар избувна во раните утрински часови во фабрика на европската страна од Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Гувернерството во подрачјето Есенјурт се вели дека пожарот бил запрен од страна на пожарникарите и дека нема пријавено жртви.

Пожарот започнал во отворено складиште за палети и зафатил и други две фабрики во близина.

Причините за избувнувањето на пожарот сѐ уште не се познати, а на местото на настанот се наоѓаат околу 200 пожарникари.