Ahmet Salih Alacacı
28 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со американскиот претседател, Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Од извори блиски на Канцеларијата на претседателот на Република Турција, AA дознава дека Ердоган и Трамп разговарале за билатералните односи, но и за последните случувања и тензии на релацијата Киев - Москва.
Се наведува дека Ердоган го информирал Трамп за денешната телефонска средба што ја имал со лидерите на Украина и Русија, Петро Порошенко и Владимир Путин.
Ердоган и Трамп се сложија за одржување билатерална средба во Буенос Ариес, на маргините на Самитот Г-20, којшто ќе се одржи на 30 ноември.