Nilay Kar
29 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Епските приказни на Деде Коркут (дедо Коркут), пренесувани со векови од Огуските Турци, се додадени на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова беше соопштено за време на 13. состанок на Меѓувладиниот Комитет за заштита на нематеријалното културно наследство што се одржа во Порт Луис, главниот град на Маурициус.
Документот за номинацијата беше заеднички презентиран од страна на Турција, Азербејџан и Казахстан.
Турското Министерство за култура и туризам преку соопштение истакна дека наследството на Деде Коркут е обединувачки елемент за земјите од турското говорно подрачје.
„Турција сега има 17 елементи на листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство“, објави на Твитер турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој.
Епските приказни на Деде Коркут се состојат од 12 херојски легенди, приказни и раскази, и 13 традиционални музички композиции ширени и пренесувани од генерација на генерација усно, преку уметноста, културните норми и преку музичките композиции.
„Деде Коркут во секоја од приказните се појавува како легендарна и мудра личност, поет чии зборови, музика и израз на мудрост се поврзуваат со традициите на раѓањето, бракот и смртта“, се нведува на веб-страницата на УНЕСКО.