Behçet Alkan
08 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
НЕВШЕХИР
Музеите и археолошките локалитети во Кападокија во Турција која е позната по самовилските оџаци, долините со природни карпести формации, историските манастири, како и по подземните населени места, во ноември оваа година ја посетија над 87.000 туристи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овој локалитет се наоѓа во Листата на УНЕСКО за светски културни наследства, додека туристите ги привлекува со своите историски, културни и природни убавини, како и различни активности.
Кападокија минатиот месец угости илјадници странски и домашни туристи.
Според податоците на Дирекцијата за култура и туризам во Невшехир, 87.700 туристи ги посетија музеите и археолошките локалитети во ова подрачје, од кои археолошкиот локалитет Зелве го псоетија 25.745, музејот на отворено небо Ѓореме го посетија 23.709, додека подземниот град Кајмалкли го посетија 12.775 лица.
Ова подрачје е негативно погодено и од пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), додека во истиот период минатата година 203.905 туристи го посетиле овој локалитет.