İlhan Toprak
03 Септември 2016•Ажурирано: 04 Септември 2016
ХАНГЏОУ (AA) - Во пресрет на денешната билатерална средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека состанокот ќе биде многу важна можност да се разгледаат темите за кои се разговарало претходно на состанокот во Санкт Петербург, јавува javlja Anadolu Agency (AA).
Денешниот билатерален состанок на двата лидера се одржува во рамките на самитот Г20 во кинескиот град Хангџоу. Пред почетокот на состанокот Ердоган и Путин им се обратија на претставниците на медиумит.
Ердоган укажа на важноста од вчерашниот чартер лет од Русија за Турција, прв по нормализацијата на односите меѓу двете земји.
„Денешниот состанок ќе биде многу важна можност повторно да се разгледааат темите за кои разговаравме во Санкт Петербург, теми кои се однесуваат на иднината, било да се работи за политички, економски или регионални теми", рече турскиот претседател Ердоган.
Тој потсети на разговорите за енергетскиот сектор, како и дека денешниот состанок ќе биде можност тоа повторно да се разгледа.
„Верувам дека чекорите кои ќе ги преземеме посебно за ова прашање, многу ќе го зајакнат процесот", истакна Ердоган.
Во турската делеација која ќе присуствува на состанокот се наоѓаат заменик премиерот Мехмет Шимшек, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекчи, министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак, како и потсекретарот на турската разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан.
Рускиот претседател Владимир Путин изрази задоволство поради враќањето во нормала на внатреполитичкиот живот во Турција.
„Драго ни е што гледаме нормализација на внатреполитичкиот живот во Турција. Гледаме дека Турција помина низ тежок период. Знаеме дека таа се бори против тероризмот и дека се соочува со важни закани. Претходно ги утврдивме нашите позиции кога е во прашање борбата против тероризмот. Постигнат е важен напредок во нормализација на ситуацијата во Турција, меѓутоа, кога состојбат ќе се нормализира ќе тргнеме напред значително побрзо", порача рускиот претседател пред состанокот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.