Hakan Ceyhan Aydoğan
21 Април 2017•Ажурирај: 21 Април 2017
МОСКВА (АА) - Состанокот на претседателите на Република Турција и на Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, ќе се одржи на 3 мај во Сочи, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Anadolu Agency (AA).
Песков во изјави за РИА-Новости изјави дека двајцата претседатели на средбата во Сочи ќе разговараат за ситуацијата во Сирија.
Турскиот претседател Ердоган и рускиот претседател Путин последен пат се состанаа на 10 март во Москва, кога присуствуваа на состанокот на Советот за соработка меѓу двете земји.