Şenhan Bolelli
29 Јануари 2019•Ажурирај: 30 Јануари 2019
МАДРИД (АА) - Четириесет и седум мигранти, кои од 19 јануари во Средоземното Море се спасени од германската невладина организација „Sea Watch“, чекаат дозвола за да се симнат на италијанскиот брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Прашањето на непријавените мигранти во Средоземното Море уште еднаш предизивка несогласувања меѓу Италија и другите земји на Европската Унија (ЕУ).
Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, за новинарите изјави дека на мигрантите симнување од бродот ќе им биде дозволено само под одредени услови.
„Доколку подоцна отидат во Германија и Холандија, можат да се симнат, бидејќи мигрантите ги спаси германска невладина организација, а бродот плови под знамето на Холандија. Многу непријавени мигранти веќе примивме во Италија“, изјави Салвини.
Италијанските медиуми вчера пренесоа соопштенија на холандската Влада во кои се наведува дека Холандија нема никаква правна обврска да ги прифати овие непријавени мигранти и дека нема да го стори тоа.
Од друга страна, одредени претставници на Социјалдемократската партија (PD), на мигрантите на бродот кои чекаат во водите на Сицилија, им испратија пораки на поддршка.
Синоќа во Рим беа одржани и демонстрации на кои насобраните од Владата на Италија бараа на мигрантите да им се овозможи да се симнат на копно.
Невладините организации предупредуваат дека здравствената состојба на одредени мигранти на бродот е лоша, и дека некои од нив одбиваат храна.