Fatih Hafız Mehmet
27 Јануари 2019•Ажурирај: 28 Јануари 2019
АНТАЛИЈА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денес изјави дека терористичката организација ПКК годишно од дрога заработува 1,5 милијарда долари, јавува Anadolu Agency (AA).
„Приходот кој ПКК годишно го заработува од дрога, изнесува 1,5 милијарда долари. ПКК е организација која е вмешана во криумчарење луѓе и дрога. Дури и САД ја признаа оваа реалност во официјалните извештаи“, изјави Сојлу на состанокот за борба против криумчарење дрога во јужната турска област Анталија.
Сојлу истакна дека тероризмот и дрогата заемно се поврзани.
„Тероризмот отвора простор и обезбедува логистика за производство и криумчарење на дрога. Од друга страна, дрогата обезбедува финансии за терористичките организации“, изјави тој.
Турскиот министер за внатрешни работи нагласи дека 28 земји членки на Европската Унија (ЕУ) заплениле вкупно 4,27 тони хероин во 2016 година.
„Количеството што го запленивме ние (Турција) само во 2017 година изнесуваше 15 тони, а во 2018 година, 17,9 тони“, додаде тој.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени и деца.