Fatjon Cuka
22 Септември 2016•Ажурирано: 22 Септември 2016
ТИРАНА (АА) – Денеска, во раните утрински часови, автобус на релацијата Тирана – Атина доживеал сообраќајна несреќа на патот Ѓирокастро – Тепелена. Повредени се 28 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
„Информираме дека во 04.40 часот, на патот Ѓирокастро – Тепелена, во местото наречено ‘Ладна вода’, автобусот на релацијата Тирана – Атина, со број на таблички, TR 5631 U, управуван од возачот И.Ф., излегол од патниот колосек и се превртел. Во сообрќајната несреќа се повредени 28 лица, меѓу кои и едногодишно дете“, се вели во официјалното соопштение од полицијата во Ѓирокастро.
Патниците биле однесени во регионалната болница во Ѓирокастро, каде што од вкупно 28 повредени патници, само 12 се задржани во болница и им се укажува медицинска помош. Другите, по добивањето на првата помош, ја напуштиле болницата.
Според полицијата, сите повредени патници се надвор од животна опасност, а се дознава дека во автобусот патувале 41 патник.
Возачот на авотбусот е одведен во полиција, а во меѓувреме започна истрагата за утврдување на причината за несреќата.