Ekipa
25 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
ХАРГЕИСА (AA) - Вооружени напаѓачи влегле во зградата на хотелот во глвниот град на Сомалија, Могадишу, откако автомобил-бомба експлодираше на влезот на хотелот кој се наоѓа во близина на сомалискиот Парламент во центарот на градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на полицијата, Мухамед Хусеин, истакна дека во хотелот „Даја“ во моментот на нападот се наоѓале десетици лица, меѓу кои и одредени парламентарци.
„Пукотници сè уште може да се слушнат во зградата на хотелот”, изјави Хусеин.
На фотографиите од местото на настанот се гледаат повредени лица, а според првите информации во нападот загинале 12, а ранети се 25 лица.
Сè уште никој не презеде одговорност за нападот.