Dzihat Aliju
12 Септември 2018•Ажурирај: 13 Септември 2018
ТЕТОВО (АА) - Интернационалните училишта „Маариф“ - Македонија, организираа активности по повод започнувањето на новата учебна 2018/2019 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Училиштето „Маариф“ во Тетово, беше организиран настан на кој учество зедоа турските институции и организации во Македонија, раководители на здруженија и фондации, професори, учители, ученици и други гости.
Директорот на Училиштето „Маариф“ во Тетово, Зафер Чинар, во своето обраќање зборуваше за поставените цели на училиштето.
Зборувајќи дека светот се соочува со многу проблеми, Чинар рече: „Имаме за цел да образуваме младина што ќе знае што значи да се има емпатија кон светот, животната средина, нашата околина, средината во која живеееме и кон другите луѓе.“
Велејќи дека образованието не претставува одговорност која им припаѓа само на учениците, директорот Чинар истакна дека на учениците ќе им бидат презентирани различни методи на работа и програми за учење.
Зборувајќи дека се свесни за поддршката која им е дадена, Чинар посочи дека одговор на добиената поддршка ќе биде дадениот квалитет во наставата.
Џихад Демирли, член на Одборот на доверители на турската Фондација „Маариф“, изјави дека е многу возбуден од сликата со која се соочил. Тој информираше дека Фондацијата има активности во голем број земји од светот.
Потсетувајќи дека на Балканот, покрај во Македонија, Фондацијата има свои училишта во Босна и Херцеговина, Косово, Романија и Албанија, Демирли истакна: „Би сакал да соопштам дека во октомври ќе започне со работа градинка на Фондацијата во Скопје.“
Зборувајќи за карактеристиките на училиштето во Тетово, тој информираше дека персоналот на училиштето го сочинуваат речиси 100 вработени, составен од наставници, психолог, педагог, кои, давајќи посебни услуги во наставата, ќе им дадат пат на учениците на полето на науката и уметноста.
„Имаме 44 училници, лаборатории по хемија, биологија, информатика, ателје за ликовна уметност. Библиотека, салон за конференции, а во изградба е и базен. Имаме интернат со капацитет од 140 ученици. Поседуваме убав простор за образование и учење.“
Демирли рече дека покрај клупски и научни активности, училиштето ќе презентира и проекти за социјална одговорност. „Овие училишта се на Македонија, а вие, почитувани ученици, на вашите родители и на нашите наставници.“
По обраќањата, со ора и танци се претстави Фолклорниот оркестар „Јени Хајат“.