свет, образование

Германија: Секој четврти дипломиран студент е инженер

Четириесет отсто од дипломираните студенти студирале право, економија и општествени науки, 26 отсто студирале инженерство, 11 отсто студирале природни и хуманистички науки...

Bahattin Gönültaş  | 23.08.2018 - Обновена : 24.08.2018
Германија: Секој четврти дипломиран студент е инженер

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Минатата година секој четврти дипломиран студент во Германија студирал инженерство, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Сојузната статистичка служба на Германија (Destatis), во зимскиот период 2016-2017 година и во летниот период во 2017 година на германските универзитети дипломирале околу 502.000 студенти.

Забележан е пораст од 2 отсто во бројот на студентите дипломирани минатата година во споредба со 2016.

Четириесет отсто од дипломираните студенти студирале право, економија и општествени науки, 26 отсто студирале инженерство, 11 отсто студирале природни и хуманистички науки, 6 отсто студирале медицина, додека 7 отсто од вкупниот број дипломирани студирале спорт, земјоделство, шумарство и ветеринарство.

Минатата година 129.646 студенти добиле диплома по инженерство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın