АНКАРА (АА) – Во организација на Фондацијата на парламентарци од турскиот свет, помеѓу 25 и 27 октомври, во турскиот главен град Анкара, ќе се одржи Меѓународна работилница за Имам Матуриди, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-претседателот на оваа Фондација, а воедно и претседател на Извршниот комитет на оваа работилница, д-р Абдуллах Чалишкан, во изјава за АА истакна дека ќе ги следат трагите на исламскиот научник, имамот Матуриди, кој се наоѓал во центарот на големото расветлување кое започна во 10 век во исламскиот свет, и дека ќе ги изградат темелите на новата турско-исламска цивилизација, како што било во историјата.
Чалишкан, исто така истакна дека западната цивилизација, и покрај тоа што дала значаен придонес за науката, уметноста, технологијата, индустријата и човештвото, не успеала да го постигне очекуваниот мир и правда во светот.
„Во средина во којашто силниот се смета дека е праведен и каде што праведните не можат да си го кажат својот глас, секој ден се зголемува потребата за нови и храбри гласови“, додаде Чалишкан.
- „Нашата должност е да вложиме напор да фрлиме светло на решавање на проблемите“
Истакнувајќи дека во целиот регион каде што доминира исламот, владее суровоста, тероризмот и насилството, Чалишкан рече дека исламскиот свет не успеал да најде решение за внатрешните проблеми, а решението на проблемите, наместо во самиот себе, секогаш ги барал на други места.
Според него, исламскиот свет во минатото има изградено голема цивилизација, но денес постојат сериозни разлики во верувањата и мислењата.
„Овие мисловни и верски разлики доведуваат до тоа еден муслиман да убие друг муслиман, без никакво двоумење. Нашата заедничка одговорност и должност е да вложиме напор да фрлиме светло на овие проблеми, анализирајќи ги тие проблеми, како и тоа, да го истражуваме мисловниот свет на личностите кои дале значаен придонес во историјата на исламската мисла“, истакна Чалишкан.
- „Имам Матуриди има многу пораки за луѓето кои живеат во 21 век“
Чалишкан, исто така истакна дека меѓу овие луѓе се наоѓа основачот на Ехл-Сунет, Ебу Мансур ел Матуриди, кој бил бил исламски научник во центарот на големото расветлување кое започна во 10 век во исламскиот свет.
„Тој ја изградил рамката на исламот како обединувачка религија и го осветлил патот на идните генерации. Имамот Матуриди има многу пораки до човекот од 21 век“, додаде тој.
- „Целта на работилницата е целиот свет да го разбере мисловниот свет на Имам Матуриди“
Чалишкан нагласи дека за таа цел, Фондацијата на парламентарци од турскиот свет одлучила да организира ваква меѓународна работилница, додавајќи дека проектот бил прифатен од страна на Министерството за култура и туризам на Турција.
Тој рече дека со оваа работилница, која во јавноста е презентирана под слоганот „По трагите на изгубеното просветлување“, се очекува да се изгради основата на идејата за градење на една нова турско-исламска цивилизација.
Чалишкан информираше дека Извршниот комитет на работилницата е составена од 6 члена, а со работилницата ќе претседава тој самиот, и дека Научниот совет на работилницата е составен од 15 научници.
- „На оваа работилница ќе учествуваат 48 научници“
Чалишкан информираше дека со работилницата ќе претседава проф. д-р Шабан Али Дузѓун, професор на Факултетот за исламски науки при Универзитетот во Анкара.
„На оваа работилница ќе учествуваат вкупно 48 научници, од кои 42 од различни универзитети во Турција, и 6 од САД, Германија, Казахстан, Киргистан и Убзекистан. На овој состанок, во рамки на четири главни теми ќе се разговара околу мислењата на имамот Матуриди, и тоа за разумот, правдата, мудроста и слободната волја“, рече Чалишкан.
Според него, на крајот на работилницата се очекува да се претстави една конкретна мапа на патот за проблемите кои се случуваат во исламскиот свет и за градење на една турско-исламска цивилизација.
Чалишкан нагласи дека со јавноста и надлежните институции ќе се сподели и извештајот со препораки за краткорочни, среднорочни и долгорочни решенија за различни прашања, како што се следните: Како може да се обезбеди единство околу основните и неопходните вредности на исламот? Што треба да направи исламскиот свет за да ги открие своите корени? Кои се чекорите кои треба да се направат за зајакнување на љубовта, пријателството, солидарноста и чувството на споделување меѓу муслиманите?, и други.
Тој информираше дека во последниот ден на оваа работилница ќе се одржи прес-конференција на која со домашната и меѓународната јавност ќе се сподели конечната декларација на турски, англиски, руски, арапски, француски и персиски јазик.
Чалишкан, исто така рече дека од презентациите кои ќе се реализираат на работилницата, ќе се издаде една книга на горенаведените јазици, и дека тие кои сакаат да учествуваат на оваа работилница, најдоцна до 15 октомври 2018 година ќе можат да се пријават преку интернет-страницата „www.maturidi.org“.
Тој истакна дека главниот поддржувач на оваа работилница е Министерството за култура на Турција, а поддршка ќе дадат и повеќе други организации, здруженија, општини и други компании.
„Исто така, ТРТ и Anadolu Agency даваат целосна потребна поддршка за оваа работилница, и со тоа нејзините резултати ќе бидат пренесени на национално и на меѓународно ниво“, додаде тој.
news_share_descriptionsubscription_contact
