Ecenur Çolak
28 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во работна посета на Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионот со делегацијата на претседателот на Русија слета на аеродромот Есенбога, каде што беше пречекан од заменикот-министер за надворешни работи на Турција, Ахмет Јилдиз, и од рускиот амбасадор во Анкара, Алексеј Јерхов, и од други претставници на делегацијата.
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе го пречека рускиот лидер во претседателската палата со највисоки државни почести.
Двајцата претседатели по работниот ручек и средбата ќе одржат прес-конференција.